Search

(Видео) Шевченко плачејќи побара помош од Италија: Убиваат деца, мајка ми и сестра ми се таму…

Легендарниот напаѓач на Украина и Милан, Андриј Шевченко гостуваше во италијанската државна телевизија РАИ каде зборуваше за ситуацијата во Украина која трпи жестока агресија од Русија. Шевченко низ солзи им порача на Италијанците дека голем дел од неговото семејство е во родната земја.

„Мајка ми, сестра ми и роднините се во Украина. Секојдневно разговараме. Нивниот избор е да останат во Украина. Не можам да гледам што се случува во мојата земја без да плачам. Ми jа кажуваат вистината за Украина Се бомбардираат градовите, се убиваат деца и постари лица. Мораме да ја убедиме Русија да ги запре нападите и да најде дипломатско решение за да стави крај на војната“, рече Шевченко, кој моментално се наоѓа во Лондон.

Украинецот славата во Италија ја стекна со одличните игри во дресот на Милан, а сега ги повика Италијанците да ги примат бегалците кои доаѓаат од Украина.

„Кога дојдов во Италија, таа земја ми го отвори срцето. Се чувствував како еден од вас и затоа Италија ја сметам за друга татковина. Сега ве молам да ги отворите вашите срца за мојот народ. Ни треба вашата помош. Нека се чувствуваат со Јас сега кога сум чувствував и многу наклонетост, но барам од вас повеќе. Украина сака да биде дел од Европа. Тоа е одлука на нас како народ. Владимир Зеленски е голем претседател и не води кон независност и слобода, заклучи Шевченко.

Треба да знаете
Последни објави