Search

Сити го демолираше Јунајтед

Манчестер Сити рутински го доби градското дерби против Манчестер Јунајтед со 4:1.

Од самиот старт „граѓаните“ тргнаа фуриозно и поведоа после само 4 минути игра со голот на Де Брујн.

Кон средината на полувремето Манчестер Јунајтед се ослободи од шокот и Санчо израмни на 1:1 со прекрасен гол од работ на шеснаесетникот. Сепак, само неколку минути подоцна Де Брујн донесе нова предност за „граѓаните“.

Во вториот дел видовме комплетна доминација на домаќините, а Ријад Марез со два гола ја комплетираше победата за конечни 4:1.

Во вториот дел видовме комплетна доминација на домаќините, а Ријад Марез со два гола ја комплетираше победата за конечни 4:1.

Кристиjано Роналдо го пропушти денешното дерби. Официјалната информација е дека Португалецот се уште не заздравил од повредата што ја заработи на дуелот со Ватфорд, но англиските медиуми тврдат дека има дрга позадина, односно дека тој не е во добри односи со менаџерот Ралф Рангник.

Треба да знаете
Последни објави