Search

Ракометарките пак поразени од Словенија во ЕХФ Евро купот

Фото: Слободан Ѓуриќ

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа четвртиот пораз во четвртиот натпревар во ЕХФ Евро купот, откако вечерва загуби од Словенија со 20:27.

Ракометарките полошо го отворија натпреварот во однос на тој во Словенија, промашуваа отворени шутеви, а слаба беше и реализацијата од седум метри, во првите 15-тина минути, избраничките на Савевски не реализираа дури три пенали.

Промашувањата ги искористија притивничките ракометарки кои во првиот дел најчесто имаа 2-3, но во финишот избраничките на Савевски во 28. минута дојдоа до израмнување (11:11). Сепак, во финишот Словенките со два брзи гола, на одмор заминаа со предност од 11:13.

На стартот во второто полувреме, Словенија направи мини серија од 0:3, а во 40 минута веќе дојде до предност од седум гола (12:19) со што беше решено прашањето околу победникот.

Сара Ристовска беше најпрецизна со седум гола, додека Леонида Гичевска даде четири, додека во редовите на Словенија се истакнаа Ана Грос со седум и Нина Зулиќ со пет постигнати голови.

Треба да знаете
Последни објави