Search

По хоророт во Мексико: Полицијата демантира, навивачите тврдат дека има мртви по тепачката

Ужасни сцени беа видени на стадионот „Ел Корегидора“ во мексикански Керетаро, каде истоимениот домаќин требаше да игра против актуелниот шампион Атлас.

Хулиганите кои ги следат двата клуба брутално се степаа на трибините на стадионот, тунелите, соблекувалните, па мечот воопшто не се одигра.

Мексиканската полиција соопшти дека повредени се вкупно 22 навивачи од кои девет се пренесени во болница, а двајца се наоѓаат во критична состојба, и ги демантираше информациите дека има 17 починати.

Сепак, новинарот Рикардо Хименез објави дека членовите на Barra51, навивачка група на Атлас, потврдиле дека нивниот истакнат член Естебан Хернандез Мартинез или Ел Разор бил убиен во судирот на стадионот.

На снимки кои се објавуваат од теренот и трибините, може да се забележи дека полицијата воопшто не реагирала, а пристигнаа и обвинувања дека еден полицаец намерно ја отворил вратата која ги делела домаќините и гостите.

Треба да знаете
Последни објави