Search

Барса со три бода се врати од Елче

Барселона потешко од очекуваното дојде до три бода на гостувањето кај Елче (1:2) го престигна Бетис и се искачи на третото место на табелата.

Каталонците во целото прво полувреме беа подобар противник, промешија неколку големи шанси, а казната стигна во 43-та минута кога Елче поведе со голот на Фидел.

Феран Торес кој влезе во второто полувреме израмни на 1-1 во 61.минута. Депај и Траоре добија шанса од клупата за резерви. Холанѓанецот од пенал во 84-та минута и донесе победа на Барселона откако Антонио Бараган играше со рака.

Од тој момент Барселона со препознатливиот стил на игра го приведе мечот кон крај и ја обезбеди победата.

Треба да знаете
Последни објави