Search

Тричковски со два гола го суреди Анортозис

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски донесе победа за АЕК Ларнака над Анортозис во разигрувањето за титулата во првата лига на Кипар.

АЕК како гостин славеше над Анортозис со 3-1, а два од трите гола беа дело на искусниот Тричковски кој прво беше прецизен од пенал во 26 минута за да потоа се најде на вистинското место и во 64 минута кога и го постави конечниот резултат.

Ова за популарниот Тричко беа први голови во оваа нова фаза во шампионатот или севкупно во првенството има 12 погодоци во актуелнава 2021/2022.

Иван и компанија со 42 бода се на второто место на табелата.

Треба да знаете
Последни објави