Search

Минимален триумф на Ливерпул против Вест Хем

Ливерпул славеше со минимални 1-0 против Вест Хем во рамки на 28.коло во Премиерлигата.

„Црвените“ фуриозно го започнаа мечот и имаа одлична шанса преку Салах веќе во втората минута кој се најде очи во очи со голманот на гостите, но шутираше мошне слабо, па Фабијански остана несовладан. Ливерпул продолжи да ги притиска „Чеканите“ и тоа на крајот им се исплатеше во 29. минута. Александер-Арнолд одлично го проигра Садио Мане, кој за милиметри избегна офсајд и го доведе својот тим во водство.

Домаќините можеа да ја удвојат предноста во 38 минута, но обидот на Луис Дијаз беше одбранет од страна на Фабијански. Само една минута подоцна првата голема шанса за Вест Хем на мечот. Хрватскиот репрезентативец Никола Влашиќ испрати топка покрај голманот на домаќините Алисон, но топката од гол линијата ја исфрли фантастичниот Трент Александер-Арнолд.

Ливерпул имаше иницијатива и во продолжението од мечот, но домаќините не создадоа големи шанси за гол. Вест Хем можеше да дојде до израмнување во 70. минута, кога Ланцини од непосредна близина, шутираше високо преку пречката.

Гостите пропуштија уште една голема шанса во 80-тата минута, Нобл одлично го проигра Антонио, но напаѓачот на „Чеканите“ шутираше лошо, па резултатот остана 1:0.

Сити останува лидер со 66 бодови, три повеќе од Ливерпул. „Граѓаните“ имаат натпревар повеќе одиграно од Ливерпул, а утре се среќаваат со Манчестер јунајтед во градското дерби.

Треба да знаете
Последни објави