Search

(Видео) Жестока тепачка на дербито: Железничар подобар од Сараево на Васовски

Екипата на Сараево, која е предводена од македонскиот стратег Алекснадар Васоски, доживеа пораз во големото градско дерби со Железничар (2-0) и направи чекор назад во битката за местата кои водат во Европа. Ова е прва победа за Железничар по четири меѓусебни средби со Сараево.

Натпреварот на Грбавица го одбележаа инциденти меѓу навивачките групи пред стартот. Навивачите на Сараево-„Хорде зла“ ја пробија заштитната ограда и истрчаа на теренот кон јужната трибина каде што се сместени навивачите на Железничар- „Манијаци“.

Тие се обиделе да им го украдат транспарентот, а еден од навивачите на Сараево заостанал во повлекувањето, па бил жестоко нападнат од ривалските навивачи. Неколку од нив го претепале со нозе и раце, а според сараевските медиуми повредите се посериозни.

Погодоците на средбата на славната „Грбавица“ ги постигнаа дебитантот Хоџиќ, како и мајсторот за големи натпревари, ветеранот во нападот Зец кој влезе од клупата за резерви.

Дел од составот на Сараево беа Даниел Аврамовски и Крсте Велкоски, но двајцата не тргнаа од првата минута туку останаа на клупата за резерви.

Треба да знаете
Последни објави