Search

Аца Лукас по скандалот на Беовизија му порача на Бајага да си го промени дилерот

Синоќа во Белград се одржа првата полуфинална вечер за избор на песна која ќе ја претставува Србија на Евровизија. Сепак, спектаклот остана малку во сенка од кавгата што се случила меѓу пејачите Момчило Бајагиќ Бајага кој се натпреварува како текстописец и Аца Лукас, кој се натпреварува како изведувач, пишуваат српските медиуми.

Во ВИП просторијата зад сцената, дошло до прозивки и дофрлања помеѓу двајцата музичари, српски Курир, дознава дека причина за тоа биле спротивставените политички ставови.

Фолкерот Лукас се пласираше во финалето, а денеска пак коментираше за Бајага.

– На овој конкурс се пријавивме со причина, а не знаевме дека ќе биде наместен. Можеме да го победиме и тоа. Срамота е ова што го прават овде. Никој не е глуп овде. Го ставивте стариот, истуткан и збрчкан Бајага, кој е страшен уметник, а почна да се однесува како будала, зборува за политика среде Беовизија, шокиран сум. Со таа бојадисана коса не може да излезе на дожд… Ова е трагедија, шокиран сум.

Тој објасни и како се случил инцидентот со музичарот.

-Момчило Бајагиќ Бајага и јас сме горлива тема. Го познавам 30 години. Се запознавме, се дружевме, неколку пати ги носев на забава… Добро се познаваме, знае дека често ги интерпретирам неговите песни, дојдовме синоќа, се јавивме. Се поздравив со него, а тој ми рече: „Знаеш, брат, си ја отпеал мојата песна, во една твоја емисија. Не може, не ги пеам твоите песни, да му е***. Весиќ ти беше гостин“. А тој не може да ме види мене и Бора Чорба со свои очи поради неговите ставови. Ми го крена притисокот на 300. Бев кул. Тогаш видов за што се работи. Целата приказна е дека ме провоцира и нервира. Бајага мора да го смени дилерот бидејќи го збрчкал, вели Лукас.

Тој вчера рече дека Бајага, поминувајќи покрај неговата гардероба му дофрли, на која одговорил и тој си заминал.

-На некои медиуми кои ми се јавија пред настапот им реков дека ништо не се случило, за да не си направам уште поголема тензија пред да излезам на сцената, бидејќи Бајага веќе ме изнервира. Провокација имаше, како што реков, јас одговорив во мој стил. Да бевме на друго место, можеби и ќе го добиеше тоа што му го реков, изјавил Лукас.

Од друга страна, Бајага негирал дека нешто се случило.

 

Треба да знаете
Последни објави