Search

„Граѓаните“ рутински во следната рунда од ФА купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити го потврди квалитетот и рутински го совлада Питерборо на гости со 0-2, пласирајќи се во следната рунда од ФА купот на Англија. Тимот на Пеп Гвардиола еден час бараше начин како да го пробие бедемот пред голот на Питерборо, а тоа му успеа на Ријад Махрез во 60.минута.

Седум минути подоцна Џек Грилиш зголеми на 0-2 и беше јасно дека Манчестер Сити ќе патува во наредното коло од ова натпреварување.

Треба да знаете
Последни објави