Свети Трифун или Свети Валантајн што славиме на 14 февруари

Денот на вљубените традиционално се поврзува со непотпишани љубовни пораки, но и со цвеќиња, па не е чудно што на тој ден се продаваат рекорден број рози. И тоа, погодувате, црвените. Има, секако, слатки, накит, облека, честитки…
Денот на вљубените за повеќето луѓе е синоним за ден посветен исклучиво на љубовта. Иако во некои делови од светот се празнува уште од средниот век, кај нас е популаризиран дури на почетокот на 21. век, освен западните, овој ден го слави и Православната црква.

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Во некои краишта на Македонија како што се Охрид и Прилеп празникот е познат и како свети Трипун (или Трипун-пијаница). Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите.

Треба да знаете
Последни објави