Руската лизгачка Валиева, која го воодушеви светот позитивна на допинг

Руската лизгачка која го воодушеви светот со својата изведба, 15-годишната Камила Валиева, на допинг тест пред пристигнувањето во Пекинг била позитивна на недозволениот лек за срце, триметадизин.
Лекот се користи за ангина пекторис, болка во градите градите предизвикана од коронарна артерирска болест. Поради позитивниот тест, беше одложено доделувањето на медали во екипна конкуренција во уметничко лизгање каде Русија во чија репрезентација беше и Валиева, го освои златниот медал, но се уште нема одлука за евентуално одземање на медалот.

Засега не е познатo дали Рускиот олимписки комитет вложил жалба, но Валиева сè уште се наоѓа во олимпиското село и утринава се појавила на тренинг во олимпискиот центар. Руската лизгачка федерација потврди дека Валиева не е суспендирана.

Треба да знаете
Последни објави