Search

Од ковид 19 најмалку заболеле деца до 9 години

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи над 60 години и од 30 до 39 години. Најмал број има кај децата до девет години, пишува во Неделниот извештај на ИЈЗ.

Епидемологот Драган Даниловски очекува бројот на заразени да опадне до Март. Вели  не е чудно што има голем број на реинфекции и случаи кај вакцинираните бидејќи се зависи од времето  поминато помеѓу прележувањето или приемот на втората доза. Најлошо во поглед на антителата, според него, се покажале кинеските вакцини, со кои е вакцинирано голем дел од населението, но недостигаат јавни податоци за да може да се направи анализа.

Пораст на бројот на заболени корона има во 30 градови, а намалување се забележува во Крушево, Пробиштип, Прилеп, Охрид и Битола. Најмногу заболени на 100.000 жители  имало во Кавадарци.

Со порастот на заболените се зголемила и смртноста за 40%. 148 граѓани од 26 градови ја изгубиле битката со вирусот. Во болниците за 22 % е зголемен бројот на хоспитализации и во моментов  на лекување se  671 лице, а над половината се на кисолородна поддршка.

Треба да знаете
Последни објави