Обамејанг е играч на Барса

Зимскиот преоден рок вчера заврши во најголемиот дел од европските лиги, а последниот ден ни донесе многу возбудувања.

Во центарот на вниманието беше Пјер-Емерик Обамејанг кој допатува во Барселона и чекаше да се заврши неговиот трансфер во каталонскиот клуб. Во Барселона како и што беше најавено до последните минути работеа со полна пареа за да успеат да го доведат Габонецот.

Барселона и Арсенал преговараа за позајмица до крајот на сезоната, но така не постигнаа договор. Обамеајнг во Барселона пристигнува откако го раскинува договорот со Арсенал, па за Каталонците ќе потпише како слободен играч.

Обамејанг вчера ги помина и лекарските прегледи и веќе позираше во дресот. Официјалната потврда се очекува во секој момент.

Треба да знаете
Последни објави