Search

Бредли Купер сакал да се откаже од актерството во 2020 година

Бредли Купер откри дека за малку ќе се откажел од актерството во 2020 година.

Главниот протагонист во „Ѕвездата е родена“ размислувал да стави крај на кариерата кога култниот режисер Пол Томас Андерсон му се јавил и го замолил да глуми во Licorice Pizza.

Во интервјуто Actors on Actors на „Вараети“, Бредли, кој го портретира филмскиот продуцент Џон Питерс во филмот, рече: „Причината што не се откажав од глумата е Пол Томас Андерсон. Кога ме повика да бидам во неговиот филм, сакав да бидам во тој филм, како да ми отвори врата.“

Филмот е снимен во услови на пандемија во летото 2020 година, а 47-годишната холивудска ѕвезда очигледно не сакал да ја пропушти шансата да работи со 51-годишниот режисер на „Буги најтс“, кој го зеде под своја закрила и ја обнови неговата страст за снимање филмови.

Треба да знаете
Последни објави