Search

Тошиќ доби забрана да ѝ се приближува на Карлеуша до 8 февруари

Првиот основен суд му ја продолжи за уште 30 дена итната мерка на фудбалерот Душко Тошиќ за забрана за приближување и комуникација со сопругата, пејачката Јелена Карлеуша, соопштија од судот за Танјуг.

Тошиќ во петокот на 7 јануари претходно доби 48 часа забрана од полицијата бидејќи и удрил шлаканица на сопругата. Обвинителството вчера предложи продолжување на оваа мерка, а судијата на претходна постапка го усвои тој предлог.

Полицијата во петокот, откако пејачката пријавила дека сопругот е насилен кон неа, отишла во нејзиниот дом, а таа одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава.

Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.

Тошиќ, пак, негираше дека ја тепал сопругата и рече дека е во шок бидејќи само се расправале, а он морал Божиќ да го помине во полициска станица.

Неофицијално, причина за инцидентот бил прелогот на Тошиќ официјално да се разведат, но Карлеуша не се согасила.

Треба да знаете
Последни објави