Search

Инсиње се сели во Канада, од лето е нов фудбалер на Торонто

Напаѓачот на Наполи и Италија, Лоренцо Инсиње потпиша четиригодишен договор со Торонто, соопшти денес прес-службата на канадскиот клуб.

Триесетгодишниот Италијанец ќе му се приклучи на Торонто по истекот на договорот со Наполи на крајот од сезоната 2021/22.

Италијанецот ќе заработува по 15 милиони долари по сезона.

Инсиње постигна пет гола и има шест асистенции на 19 настапи за Наполи оваа сезона.

Во летото 2021 година Инсиње стана европски првак со репрезентацијата на Италија.

„Сакав да се поздравам со сите фанови во Торонто, возбуден сум за оваа нова авантура. Сакам да му се заблагодарам на клубот и ќе се видиме во јули. Сите за еден!, рече Инсиње во видео порака наменета за фановите на Торонто.

Треба да знаете
Последни објави