Search

ЈСП „Скопје“ ќе воведе дневен билет којшто ќе чини 120 денари

ЈСП „Скопје“ ќе воведе дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз којшто ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден, објави „Сакам да кажам“.

-Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот, а ќе биде од голема корист и за туристите, велат од ЈСП „Скопје“.

Треба да знаете
Последни објави