Search

Милан убедлив против Рома

Милан со убедливи 3:1 ја совлада Рома и ја намали бодовната разлика во однос на Интер на само еден бод со тоа што лидерот на табелата има натпревар помалку, оној против Болоња кој денеска не се одигра поради голем број заразени фудбалери со коронавирус во екипата на Синиша Михајловиќ.

Жиру во 8-ма и Месиас во 17-та му донесоа комотно водство на Милан.

Рома преку Абрахам во 40-та минута ја врати неизвесноста. Сепак, таа траеше до 82-та минута кога Леао погоди за 3:1. Во судиското продолжение Златан Ибрахимовиќ не реализираше пенал, а Рома го заврши мечот со двајца играчи помалку откако поради втор жолт картон исклучен беше Карсдорп во 74-та минута, а во судиското продолжение Мансини доби директен црвен картон.

Претходно фудбалерите на Џенова освоија голем бод на гостувањето кај Сасуоло (1-1),а без победник заврши и мечот Лацио и Емполи (3:3). Во оваа рунда се одиграа уште два меча, Каљари славеше кај Сампдорија (1:2), а Верона со истиот резултат беше подобра од Специја.

Треба да знаете
Последни објави