Search

Ливерпул бара одложување на полуфиналето на Лига купот против Арсенал поради коронавирус

Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Се посочува дека клубот смета дека е неопходно да се одложи натпреварот поради неколку случаи на инфекција и повреди.

Исто така и денешниот тренинг на „црвените” од Енфилд е откажан.

Натпреварот Арсенал – Ливерпул треба да се одигра на 6 јануари со почеток во 22:45 часот.

Треба да знаете
Последни објави