Search

Николас Кејџ се чувствувал маргинализиран од филмските студија

Николас Кејџ (57), кој беше награден со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 1998 година и има добиено многу признанија за своите изведби на големото платно, откри како решил да заземе поинаков пристап кон својата кариера откако забележал промена во односот кон него како актер.

„По неколку промашувања знаев дека сум маргинализиран во системот на студијата, и дека нема да ме викнат,“ рече тој.

Сепак, тој го пофали режисерот Мајкл Сарноски – кој за прв пат е на чело на долгометражен филм со емотивната драма Pig („Свиња“) – бидејќи ризикувал, и го опиша како негов „архангел“.

Гостувајќи во една епизода од подкастот Variety’s Awards Circuit, тој додаде: „Отсекогаш знаев дека ќе биде потребен млад режисер кој ќе се наврати, односно ќе се сети на некои филмови што ги снимив и ќе знае дека можеби ќе бидам прав избор за неговото сценарио и повторно ќе ме открие.

„И затоа тој не е само Мајкл, тој е архангел Мајкл. Ова немаше да се случи ако тој немаше отворен ум да каже: „Дојди со мене“.

Кејџ, исто така, се присети дека работел на акциониот трилер „Без лице“ (Face Off ) од 1997 година во кој глумеше заедно со Џон Траволта, и откри еден посебен момент кога му се замаглиле линиите на реалноста и фикцијата додека го глумел серискиот убиец Кастор Трој.

„Имаше момент кога помислив дека всушност го напуштив моето тело, во кое што едноставно се исплашив,“ рече тој.

Последниот филм на Кејџ, „Свиња“ (Pig) – дебитантски филм на режисерот Сарноски – доби пофални зборови од американските критичари, но и воодушевувања од гледачите. Главниот лик во филмот е осамен маж кој живее без вода и струја среде шума. Деновите ги поминува собирајќи тартуфи со својата свиња која му е најдобар пријател.

 

Треба да знаете
Последни објави