Search

На „Богородица“ откриени 11 мигранти

Вчера полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица во 20:45 часот, на автобуска станица во Гевгелија, откриле пет лица мигранти од Пакистан. Во 22.20 часот, во реонот на место викано Сепарација, полициските службеници откриле две лица мигранти од Авганистан, а во 05:20 часот, во реонот на место викано Милци во Гевгелија, уште четири лица мигранти од Пакистан. Сите 11 лица се пренесени во Транзитниот центар Винојуг за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави