Search

(Видео) Промовиран спотот за новата навивачка песна „Европско од сон“

Промовиран е видео спотот за „Европско од сон“ новата навивачка песна, но создадена од најверните навивачи на македонската ракометна репрезентација и наменета за навивачите, кои редовно ги бодрат нашите спортски херои на европските и светските првенства.

Песната се промовира на три недели пред Европското првенство во Унгарија и Словачка каде се очекува македонските ракометари да имаат голем поддршка од трибните.

Песната е на семејниот музички тандем-Огнен и Филип Неделковски, таткото е текстописец, синот е автор на музиката, а заедно со третиот член на семејството, познатата новинарка Соња Алековска Неделковска не пропуштиле ниту едно првенство на кое настапиле нашите ракометари.

Аранжманот и продукцијата е на Ангел Ќосев, а режисер на спотот е Дарио Јанковиќ.

Бидејќи е навивачка песна, носечки вокали се двајца навивачи, но професионални пејачи-Дејан Тасев и Александар Здравков. Покровител на проектот е д-р Емил Угриновски, сопственик на „Неуромедика“, кој исто така е еден од најголемите фанови на македонската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави