Search

ФИА ги предупреди Хамилтон и Ферстапен пред трката во Абу Даби

Актуелниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон ќе се бори со Макс Ферстапен за одбрана на титулата во последната трка во Абу Даби во која двајцата возачи влегуваат со ист број на бодови, односно 369,5 бода. Холанѓанецот Ферстапен е во подобра позиција зашто има една победа повеќе.

Возачите на Мерцедес и Ред Бул сезонава неколку пати се судрија на патеката, а на трката за Големата награда на Саудиска Арабија имаа жестоки дуели.

Пред трката се зборуваше дека шампионот може да го реши само еден судир во последната трка, но сега пристигна предупредување од ФИА, односно директорот за трки Мајкл Маси.

-Секое кршење на принципите на чесност во натпреварувањето, неспортско однесување или обид да се влијае на резултатот на начин кој е спротивен на спортската етика не е дозволен. За сите прекршоци имаме соодветни казни како суспензија за едно или повеќе натпреварувања, одземање бодови и слично“, кажа Маси.

Треба да знаете
Последни објави