Search

Митревски и Порто го шокираа Кјелце, реми на дербито ПСЖ и Барселона

Никола Митревски и неговиот Порто ставија крај на серијата од шест порази во низа во Лигата на шампионите. Португалскиот тим на домашен терен го совлада Кjелце со 29-27.

Порто со скор од три победи, реми и шест порази на паузата заминува како седмопласиран тим во групата Б. И покрај поразот пак Кjелце останува лидер со 14 бода.

Португалците лошо го почнаа мечот и имаа негатива од 1-6 на стартот. Во продолжението заиграа многу подобро, па на полувремето домашниот тим имаше нерешено 14-14. Во вториот дел Порто постојано водеше и успеа да дојде до 29-27, што беше прва победа по пауза од шест натпревари по ред.

Македонскиот репрезентативен голман имаше пет интервенции на голот на Порто, додека во нападот најмногу се истакна Педро Круз со седум голови. Кај Полјаците најдобар беше Каралек со седум голови, додека Алекс Душебаев погоди пет пати.

Во дербито во оваа група, ПСЖ и Барселона ремизираа 28-28, додека Динамо го совлада Мотор со 33-29, а Флензбург со 30-27 беше подобар од Веспрем. И двата тима заедно со Веспрем имаат 12 бода, два помалку од лидерот Келце.

На единствениот натпревар од Групата А, во која се натпреварува Вардар, Пик Сегед со 30-26 триумфираше против Кил.

Треба да знаете
Последни објави