Search

Елмас: На која позиција сум најдобар? Тоа е тешко прашање…

Елиф Елмас ја игра најдобрата своја сезона во дресот на Наполи, во групната фаза од Лига Европа постигна четири голови, од кои два на денешниот меч со Лестер.

-Ова беше важна ноќ за нас, се пласиравме. Среќен сум за двата гола, но повеќе сум среќен дека тимот оди понатаму. Се надеваме дека ќе бидеме уште подобри во иднина. Извршивме добра работа, покажавме дека сме вистински тим со карактер. Сите бевме подготвени да играме и да победиме. Спалети ни кажа многу работи пред мечот, пред се дека сме силен тим и дека тоа треба да го покажеме на теренот. Направивме тоа што ни го кажа и победивме, рече Елмас.

Елмас беше запрашан на која позиција смета дека е најдобар.

-Тоа е тешко прашање… не знам. Се обидувам да го дадам најдоброто од мене без разлика на која позиција ќе ме стави тренерот. Јас го правам тоа што тој ќе ми го каже и секогаш се обидувам да го дадам максимумот. Тоа е навистина тешко прашање, ниту јас не знам која е мојата улога, рече македонскиот репрезентативец.

Треба да знаете
Последни објави