Search

Динамо со Ристовски и Адеми славеа во Лондон, европска пролет и за Звезда и Партизан

Динамо Загреб славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Вест Хем и обезбеди пласман во шеснаестинафиналето во Лигата на Европа.

„Модрите“ приредија изненадување на „Олимпискиот стадион“ во Лондон против премиерлигашот, кој веќе го имаше обезбедено првото место на табелата и место во осминафиналето, па денеска менаџерот Дејвид Мојс реши да им даде шанса на многу млади играчи.

Победничкиот гол за Динамо Загреб беше дело на Мислав Оришиќ, кој постигна феноменален гол во четвртата минута од натпреварот. Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, додека Аријан Адеми беше стартер, но излезе од игра во 71.минута.

Црвена Звезда исто така се пласираше во осминафиналето во Лигата на Европа по ремито 1-1 на гостувањето кај Брага и тоа како првопласирана во својата група.

Фудбалерите на Партизан на домашен терен денеска ремизираа со Анортозис во Белград со 1:1 во натпреварот од последното шесто коло во групата „Б“ во Конференциската лига. „Црно-белите“ со нерешениот резултат против кипарскиот клуб го обезбедија второто место во групата доволно за пласман во 1/16 финалето.

ЛИГА НА ЕВРОПА

ГРУПА Е
Марсеј – Ломотив М. 1-0
Лацио – Галатасарај 0-0

ТАБЕЛА: Галатасарај 12, Лацио 9, Марсеј 7, Локомотив 2

ГРУПА Ф
Брага – Црвена Звезда 1-1
Лудогорец – Митјиланд 0-0

ТАБЕЛА: Црвена Звезда 11, Брага 10, Митјиланд 9, Лудогорец 2

ГРУПА Г
Ференцварош – Леверкузен 1-0
Селтик – Бетис 3-2

ТАБЕЛА: Леверкузен 13, Бетис 10, Селтик 9, Ференцварош 3

ГРУПА Х
Вест Хем – Динамо З. 0-1
Генк – Рапид В. 0-1

ТАБЕЛА: Вест Хем 13, Динамо 10, Рапид 6, Генк 5

*Болдираните тимови одат во нокаут-фазата во Лигата на Европа, каде првиот игра директно во осминафиналето, а вториот во шеснаестинафинале. Третопласираните тимови ќе ги продолжат натпреварите во елиминациите во Конференциската лига.

Треба да знаете
Последни објави