Search

Балотел е подготвен да тргне пешки од Турција за Италија ако добие покана од селекторот Манчини

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Марио Балотели кој својата кариера ја продолжи во Турција каде настапува за тимот на Адама, му се нуди на селекторот на „аѕурите“ Роберто Манчин да им помогне околу ефикасноста во разигрувањето за пласман на СП. Популарниот „Супер Марио“  има постигнато пет гола на 12 меча во турската Суперлига. Актуелниот европски првак Италија на последните два меча од мундијалските квалификации во групата не постигна гол и ја загуби првата позиција. Како второпласирна ќе трепери во баражот дали ќе биде на светската фудбалска смотра во Катар.

– Се чувстуввам конечно добро, после цели две и пол години, се чувствувам навистина добро. Се чувствувам подготвено за се, дури и за враќање во националниот тим. Тоа ќе биде сон за мене, ако ми каже Манчини дека ме вика, уште сега ќе тргнам пешки за Италија за да стигнам до март. Имам навистина добар однос со Манчини, отсекогаш сум го имал. Треба само да ми каже дека сум му потребен во селекцијата и јас веднаш доаѓам. Да, се слушаме во последно време, но верува дека имам уште простор за напредок. Свесен е дека уште не сум на највисоко ниво и затоа не сум повикан досега. Но, сега, имам време до март и се надевам дека ќе бидам повикан и дека ќе му помогнам на тимот во баражот. Не сум далеку од своето најдобро издание и затоа имам верба – вели Балотели.

Треба да знаете
Последни објави