Search

Манчестер јунајтед во Бергамо ќе го брани првото место и ќе купува мир во соблекувалната

Со осум натпревари, по два од групите од Е до Х, вечерва продолжуваат возбудувањата од елитното фудбалско клупско натпреаврување Лигата на шампионите. Ќе се игра 4. коло, а вниманието ќе го привлече натпреварот од групата Ф, во кој Аталанта го пречекува Манчестер јунајтед во Бергамо.

Во изминататот коло од ЛШ, италијанскиот калчолигаш Аталанта на „Олд Трафорд“ имаше водство од 2:0, но на крајот Манчестер јунајтед направи комплетне пресврт (3:2). Меѓу ови два натпревари англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, а  посебно неговиот тренер Оле Гунар Солскјер се најдо во непријатна ситуација. Загубија катастрофално дома од Ливерпул и почна да се тресе клупата на Норвежанецот која ја стабилизира со триумфот на гостински терен кај Тотенхем (3:0) но спокојството во клубот од „Театарот на соништата“ не е целосно вратено. Нов пораз на ова гостување за Мначестер јунајтед може да значи за Норвежанецот и разделба со тимот, а со нова победа ситуацијата значително ќе се подобри.

Доколку Манчестер јунајтед победи во Бергамо ќе врзе три триумфи во низа во ЛШ, ќе се зацврсти на првото место во групата и ќе направи чекор поблиску до нокаут фаза во елитното натпреварување, но и ќе си обезбеди мир во соблекувалната.

Аталанта е на третото место во групата од ЛШ, но со само два бода помалку од англискиот тим и со триумф пред своите гледачи може да направи рокада со „црвените ѓаволи“. Аталанта играше три меча во Серија А откако изгуби од Јунајтед во ЛШ. Во тие три меча имаше два нерешени исходи против Удинезе и Лацио и една висока победа против Сампдорија.

– Се надеваме на победа во мечот со Манчестер и да обезбедиме добро место во групата. Саботниот натпреавр со Лацио беше како тест за нас, затоа што калчолигашот игра како Манчестер. Обата тима играат со голем интензитет – изјави Џан Пјеро Гасперини тренерот на Аталанта.

Кај Аталанта поради повреди ќе отсуствуваат Берат Џимици, Рафаел Толој, Матео Песина, Робин Госенс, Ханс Хатебер. Кај Манчестер јунајтед поради повреда моѓе да отсуствува Антони Мартијал.

Лига на шампионите, 4 коло – двојки и табели

Група Е

Барен Минхен – Бенфика (21.00 часот)
Динамо Киев – Барселона (21.00 часот)
Табела: Баерн 9 бода, Бенфика 4, Барселона 3, Динамо Киев 1.

Група Ф

Аталанта – Манчестер јунајтед (21.00 часот)
Вилјареал – Јанг бојс (21.00 часот)
Табела: Манчестер јунајтед 6 бода, Вилјареал 4, Аталанта 4, Јанг бојс 3.

Група Г

Волфсбург – Ред бул Салцбург (18.45 часот)
Севилја – Лил (21.00 часот)
Табела: РБ Салцбург 7 бода, Севилја 3, Лил 2, Волфсбург 2.

Група Х

Малме – Челзи (18.45 часот)
Јувентус – Зенит (21.00 часот)
Табела: Јувентус 9 бода, Челзи 6, Зенит Санкт Петербург 3. Малме 0.

 

Треба да знаете
Последни објави