Search

Жиру донесе победа за Милан против Торино

Милан со 1-0 го победи Торино и сега е осамен на врвот во Серија А со три бода пред Наполи кој има меч помалку.

Милан ја оствари целта, ги овои трите бода од дуелот со Торино иако не одигра натпревар на највисоко ниво.

Клучниот момент се случи во 14. минута кога Жиру се најде на вистинското место во шеснаесетникот и постигна лесен гол кој значеше победа за Милан од 1-0.

Торино во второто полувреме имаше неколку шанси за израмнување, но Милан успеа да се одбрани.

Милан од можни 30 бода има освоено 28 по десет одиграни кола, ќе остане на првата позиција осамен барем до четврток кога Наполи ја пречекува Болоња.

Во следното коло Милан гостува на Рома.

 

Треба да знаете
Последни објави