Search

Пендаровски со сопругата присуствуваа на перформансот „Везилка – 100 години од раѓањето на Блаже Конески”

Под заедничко име „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите” во организација на Кабинетот на претседателот преку низа културни настани се одбележува Јубилејот – 30 години независна македонска држава.

Вечерва претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевскаимаа можност да го проследат перформансот „Везилка– 100 години од раѓањето на Блаже Конески”  во режија и драматуршка интервенција на Зоја Бузалковска поставен на сцената во Филхармонијата на Република Северна Македонија.

Перформансот „Везилка” претставува посветен ракопис кој содржи драматуршки рекомпонирани стихови на основоположникот на македонскиот современ јазик и македонските траги во современата книжевност и култура Блаже Конески, делови од неговите прози, како и делови од разговорите со Цане Андреевски.

На сцената перформансот „Везилка” беше поставен од музичката група Фолтин и автoрската екипа во состав: Трајанка Илиева Вељиќ – Таци, Ања Митиќ, Александар Степанулески, Никола Настоски, Ѓорѓе Јовановиќ и Зоја Бузалковска. За време на настанот беа прикажани и видео анимации со текстови од творештвото на Конески.

Претседателот Пендаровски е покровител на јубилејната стогодишнина од раѓањето на Блаже Конески и овој настан, освен што е дел од низата културни настани по повод Јубилејот – 30 години независна македонска држава, истиот е посветен на најважната фигура на современата македонска наука, книжевност и лингвистика.

Треба да знаете
Последни објави