Search

Јана Белчева демантира дека таа или кој било член на нејзиното семејство е поврзан со промени на ДУП-от во 2012 година

Носителката на независната кандидатска листа Група избирачи Јана Белчева Андреевска  упатува демант во врска со тврдењата изнесесени во текстот на порталот Centar.mk- „Дали Јана Белчева имала директна корист од спорен ДУП изгласан од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за плац во Долно Водно?!”, кој е пренесен и на чии невистинити тврдења се повикуваат и текстовите објавени на порталите Brif.mk , NovaTv.mk и 24Info.mk.
„Јавно демантирам дека јас или кој било член на моето семејство е поврзан со промени на ДУП-от во 2012 година.
Точно е дека член на моето семејство имал наследен имот на територија за која се донел нов ДУП, но  јавноста знае зошто беа направени промените во ДУП-от во 2012 година и дека за тоа има и судски процес кој се вика „Плацеви на Водно”. И покрај вољата на креаторите на оваа т.н. афера да ме поврзат со промените во тој ДУП, јавноста сигурно нема да поверува во лаги дека ВМРО ДПМНЕ менувало урбанистички план баш за моето семејство да стекне корист. Дотолку повеќе што имотот на членови на моето семејство не бил ниту зголемен со можностите што ги нудела таа парцела, туку е продаден таков како што го наследиле.
ДУП за Ј07 зафаќа простор од Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо и Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, е најголемиот, но и еден од најлошо изработените планови, со многу грешки и недоречености, но и кршење на законот за урбанистичко планирање и стандардите и нормативите за планирање. Тој дозволува решенија за Водно за кои јавноста има многу добар поглед штом погледне кон планината. Зошто овој план Уставен и други институции го одобриле е прашање за друга инстанца.
Новиот сопственик добил дозвола за градба, но тоа ниту има некаква поврзаност со мене, ниту јас за тоа сум била информирана.  Нејасно е како за приватен проект на друг сопственик се добила документација за објавување, иако и од неа е очигледно дека предвидениот објект е многу помал од дозволените параметри.
Откако сум советник во Општина Центар, на одлучување пред советниците беше ставен блок (дел) за тој план и во него немаше никаква промена. Тоа значи дека кога јас сум била во Советот и би можела теоретски да имам влијание за промени, тоа не се случило.
На креаторите на оваа афера им порачувам дека нема да се спуштам на ниво на јавен дискурс со лаги, манипулации и лични дискредитации, а на нарачателите дека сум отворена за вистинска дебата за визија и стручни аргументи за тоа каква иднина во урбаното живење сакаме да градиме” .
Треба да знаете
Последни објави