Search

Филиповски на „Само вистина“: Почист Аеродром и хуманизација на јавниот простор

„Сликата на повторно миење на улиците со цистерни станува реалност во Аеродром. Значително ќе ја подигнеме јавната хигиена. Предвидуваме набавка на нова механизација за миење на платоата, плоштадите, плочниците меѓу зградите и другите јавни површини“, истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата, во дебатната емисија „Само вистина“, каде што гостуваа и кандидатите за градоначалници на ВМРО – ДПМНЕ, Тимчо Мунцуски и кандидатката за градоначалник на Левица, Весна Кираџиева.

Филиповски истакна дека СДСМ во изминатите четири години во Аеродром направи шест нови паркови. Исто така, во новиот мандат ќе се направи нов парк на површина од 5.000 м2, на потегот од популарното „авионче“ до автобуската постојка на последна „5 – ка“.

Во делот на урбанистичкото планирање, Александар Филиповски посочи дека општината ќе се развива кон руралниот дел. Урбанизацијата ќе биде хумана и планска. Тоа подразбира и планирање на нови градинки, училишта и зелени површини со цел да се задоволат потребите на сите граѓани.

-Не смее урбанизацијата да биде асоцијација само за нови згради. Напротив, урбанизацијата значи планско уредување на просторот. Создавање на хумани населби, со нови воспитно – образовни установи, паркови, вело – патеки, пешачки зони и слично, кажа кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник.

Во останатиот дел од дебатата, Филиповски напомена дека ВМРО – ДПМНЕ нема конкретна понуда и ветувањата им се неостварливи.

-Лажете за да седнете во градоначалничка фотелја, без притоа да бидете одговорни за тоа што го зборите кон граѓаните, посочи кандидатот на СДСМ и коалицијата.

 

Треба да знаете
Последни објави