Search

Голем број граѓани даруваа крв во Општина Аеродром

Денеска во просториите на Општина Аеродром беше спроведена крводарителска акција во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина.

Кон акцијата се приклучија голем број хумани граѓани, од кои дел се вработени во Општината. Притоа, се почитуваа сите мерки за заштита од КОВИД-19.

Општина Аеродром редовно ги поддржува ваквите акции на хуманите луѓе и крводарители во дарување крв и спасување нечиј живот.

Треба да знаете
Последни објави