Search

Фердинанд: Легнувањето на Меси на теренот зад живиот ѕид е непочитување на Аргентинецот !

Францускиот ПСЖ го доби дербито против актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити со 2-0 во второто коло од групната фаза на Лигата на шампиони. Лионел Меси го постигна својот прв гол во дресот на „светците“ и придонесе францускиот тим за првпат да се израдува на триумф во досегашните дуели со Манчестер сити. Во завршницата на мечот Меси беше виден во необично издание – легнат на земја зад живиот ѕид !

Оваа поза на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Меси предизвика реакција од легендарниот дефанзивец Рио Фердинанд, кој смета дека тоа е непочитување кон Аргентинецот.

-Требало некој да го спречи тренерот Маурицио Покетино да го вежба на тренинг. Не смееше оваа улога да му се додели на Меси затоа што е непочит кон Аргентинецот. Доколку јас бев во тимот, ќе му кажев дека ќе легнам наместо него зад живиот ѕид, вели Фердинанд.

Треба да знаете
Последни објави