Search

Ракип од Малме ново има на списокот од селекторот Милевски за мундијалските квалифиакциски дуели со Лихтенштајн и Германија

Македонскиот фудбалски селектор Благоја Милевски за октомвриските мундијалски квалификациски натпреаври со селекциите на Лихтенштајн и Германија повика 26 кандидати за составот на најдобриот државен тим. Милевски кој дебитираше на кормилото кај „црвено-жолтите“ во септемврискиот квалифиакциски тримеч не се израдува на победа, па затоа сега очекува неговите избраници да го стората тоа уште на првиот дуел на 8 октомври на гостувањет кај аутсајдерот Лихтенштајн, а три дена потоа во Скопје да се обидат да го повторат сензационалниот подвиг оставрена во Дуизбург на првата пресметка со Германија.

На списокот со кандидатите ново име е Ердал Ракип од шведскиот Малме, а во комбинација се и рековалесцентите Енис Барди кој се повреди во последниот репрезентативен меч со Романија и од тогаш нема настапи за неговиот клуб Леванте, како и Аријан Адеми од хрватскиот Динамо Загреб.

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка);

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (Мариупол, Украина), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Ердал Ракип (Малме, Шведска), Јани Атанасов (Хајдук Сплит, Хрватска);

Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Алборг, Данска),  Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија).

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 3 октомври во Скопје.

 

 

Треба да знаете
Последни објави