Search

Гвардиола: Голот на Меси беше прекрасен, ама Верати ми се допаѓа како играч

Тренерот на актуелниот англиски фудбалски премиерлигашки шампион Манчестер сити, трпфејниот шпански стратег Пеп Гвардиола е задоволен од играта на својот тим и покрај поразот од францускиот ПСЖ во дербито на второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Манчестер сити на гостувањето во Париз, во рамките на групата А, беше поразен со 2:0. Ова беше прв тирумф во досегашните меѓусебни дуели за „светците“ од Париз.

-Добро игравме. Направивме речиси се’ како што треба, само ги промашивме шансите за гол. Ривалот се бранеше многу добро и се закануваше од контранапади. Игравме за да победиме, па останува горчливиот вкус. Особено затоа што ривалот постигна голови на лесен начин, изјави Гвардиола по поразот во Париз.

Стрелци на головите за ПСЖ беа Идриса Геј и Лиолнел Меси. Аргентинскиот ас Меси во третиот натпревар во дресот на ПСЖ откако летово по две децении си замина од Барселона, конечно се запиша во листата на стрелци за „светците“ и тоа не против било кој туку против Сити.

-Погодокот на Меси беше многу убав. Ако е среќен во Париз, тогаш сум и јас. Сепак, би го издвоил Марко Верати. Заљубен сум во него. Тој е фантастичен играч. Тој е мал, но секогаш може да се смета на него. Среќен сум што се опорави од повредата и повторно игра, потенцираше Пеп.

Пред „граѓаните“ се нови предизвици веќе викендов во рамките од 6. коло во англиската премиерлигашка конкуренција кога ги очекува дуелот со Ливерпул.

 

Треба да знаете
Последни објави