Search

Чеферин бара исклучување на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус од ЛШ!

Светските медиуми објавија дека УЕФА се откажала од тужбата против европските гиганти, но сега се појави ново соопштение во кое бара да се исклучат судиите од судскиот спор во Шпанија, со обид да ги казнат Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

УЕФА мораше да ја суспендира дисциплинската постапка против трите клубови кои сакаат да играат во европската Суперлига, откако судот во Мадрид досуди дека Европската куќа на фудбалот ги прекршила законите.

Сепак, следеше реакција и од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој и понатаму смета дека Барселона, Реал Мадрид и Јувентус заслужуваат строги казни.

-Реал Мадрид, Барселона и Јувентус ќе ги добијат најтешките казни. Тие и понатаму веруваат дека Суперлигата постои. Тоа се клубови под најголема закана да бидат исклучени од Лигата на шампиони за следната сезона, вели Чеферин.

Треба да знаете
Последни објави