Search

Финансиска инјекција од Дубаи за спас на Барселона

Шпанските медиуми пренесуваат дека неименувана компанија од Дубаи и понудила на Барселона позајмица од 1,5 милијарди евра со цел да ја поврати својата ликвидност, и тоа со фантастични услови – ниска камата, чиј точен износ не е познат се уште, како и долг мораториум за почеток на отплатата. Барселона е должна 1,35 милијарди евра, што речиси го парализираше клубот и го натера да ги продаде и ослободи најскапите и најдобрите играчи.

Споменатата компанија од Дубаи на Барса и нуди мораториум на отплатата на споменатата позајмица на најмалку две, а на најмногу дури 12 години. Тоа значи дека во споменатиот период Барса не би морала ни да започне со отплата на големата позајмица.

Според наведениот извор, вбризгувањето на милијарда и пол евра во клубот би се случило веднаш откако тоа ќе биде одобрено од водството на клубот и значи дека Барселона експресно повторно би станала ликвидна. Поточно, ќе може да започне со засилување на екипата веќе во зимскиот преоден рок.

Предлогот за позајмица го разгледуваат првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта, потпретседателот Едуард Ромеу, кој во клубот е задолжен за финансиите, како и извршниот претседател Феран Ревертер.

Треба да знаете
Последни објави