Search

Томпсон: Ќе бидам отсутен до крајот на ноември

Кошаркарот на НБА-лигашот Голден Стејт, Клеј Томпсон изјави дека ќе пропушти најмалку еден месец од сезоната 2021/22.

– Точниот датум на моето враќање не е одреден, но не очекувајте да пропуштам помалку од 12 месеци, што значи дека ќе отсуствувам барем до крајот на ноември или почетокот на декември, информира Томпсон.

За време на шестиот натпревар од финалната серија 2019, Томпсон скина вкрстени лигаменти на коленото. Закрепнувајќи од повредата, 31-годишниот „снајперист” беше подготвен да се врати во сезоната 2019/20, но во ноември ја скина Ахиловата тетива.

Во август, беше објавено дека Вориорс планираат да го вратат Томпсон во тимот за Божиќниот натпревар против Феникс на 25 декември.

Треба да знаете
Последни објави