Search

Силекс тргнува во одбрана на Куп-трофејот со Беласица

Во осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија ждрепката сакаше силите да ги одмерата тетовските ривали актуелниот шампион Шкендија и моменталниот ко-лидер Ренова.  Натпреварите од оваа елиминаторна рудба се закажани за 20 октомври 2021. со почеток  во 14:00 часот.

Второлигашот Силекс кој сезонава гази сигурно за експресно враќање во елитното друштво како прва препрека во одбраната на титулата во Купот ќе ја има на гостувањето кај струмичка  Беласица. Силекс како победник и Академија Пнадев како финалист не беа вклучени во 16-финалната рунда од најмасовното натпреварување. Денешната ждрепка одржана во ФФМ ги донесе следните осминафинални двојки:

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 ФИНАЛЕ

СТРУГА ТРИМ ЉУМ – БОРЕЦ 1919

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

ВАРДАР – СКОПЈЕ

БРЕГАЛНИЦА – ОХРИД ЛИХНИДОС

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

ШКУПИ 1927 – ТИКВЕШ 1930

Треба да знаете
Последни објави