Search

Сензација во ЛШ: Дебитантот Шериф го победи Реал среде Мадрид

Вечерва беа одиграни неколку спектакуларни натпревари во второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а големото дерби меѓу ПСЖ и Манчестер сити заврши со триумф на францускиот тим од 2-0, додека Ливерпул славеше со 5-1 против Порто, а Реал Мадрид доживеа шокантен пораз од Шериф Тираспол (1-2).

ПСЖ го отвори резултатот по осум минути игра преку Идриза Геј, кој го матираше Едерсон со одличен удар кој заврши во десниот горен агол на голот.

Манчестер сити имаше шанси да се врати во средбата и да израмни, но Бернардо Силва промаши огромна шанса од два метри, односно неговиот удар заврши во пречката.

Во вториот дел Лионел Меси го постигна првиот гол во дресот на парижаните, и тоа во 74. минута, откако доби асистенција од Нејмар.

Реал Мадрид доживеа шокантен пораз од Шериф Тираспол на домашен терен со 1-2. Гостите првиот гол го постигнаа преку Јакшибаев во 25. минута, по што израмнувањето следеше во 65. минута преку Карим Бензема.

Шериф постигна гол преку Бруно, кој им беше поништен од ВАР-технологијата, но екипата на Бобан Николов ги шокираше „кралевите“ во 90. минута преку Тил.

Македонскиот репрезентативец доби шанса во судиското надополнување, односно во 92. минута и го одигра мечот до крај.

Останати резултати:

Борусија Дортмунд – Спортинг Лисабон 1-0
Порто – Ливерпул 1-5
Лајпциг – Клуб Бриж 1-2
Милан – Атлетико Мадрид 1-2

Треба да знаете
Последни објави