Search

ПСЖ и Манчестер сити ги очекува фудбалска „војна“ во „Паркот на принцовите“

Продолжението од елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампиониоте е со денешните и утрешните мечеви, по осум, од групната фаза. Дербито во 2. коло вечерва (21 ч.) се игра во „Паркот на принцовите“  францускиот ПСЖ го пречекува актуелниот англиски  шампион Манчестер сити.  „Светците“ кои според имињата имаат најзвучен тим и се вбројуваат во еден од главните фавортит за освојување на „пехарот со големите уши“ на ја почнаа меѓународната сезона како посакуваат. Во првото коло од ЛШ ремизираа со Клуб Бриж, а „граѓаните“ го совладаа германскиот Лајпциг со 6:3, што за нив беше 50. победа во ЛШ.

ПСЖ на поправен ќе истрча со ударното напаѓачко трио Меси, Нејмар и Мбапе и ќе се обиде да ја прекине непријатната традиција со прва победа против „граѓаните“. Минатата сезона овие две екипи играа во полуфиналето на ЛШ, а Сити победи со 2:1 во Париз и 2:0 дома. Претходно, во 2016 година во 1/4 финалето на ЛШ, Сити славеше со 1:0 во Манчестер, а во Париз беше 0:0.

ПСЖ вечерва ќе биде без услугите на Рамос, Ди Мариjа и Курзава, а неизвесен е настапот на Верати, а Меси кој изминатава недела се жалеше на повреда вчера се врати на тренинзите со тимот и се очекува да се појави во стартната постава.

Манчестер ситие е победнички расположен откако изминатиов викенд на „Стемфорд Бриџ“ го добија дербиот со Челзи, актуелниот европски првак. „Граѓанита“ имаат шест победи во  последните седум дуели во сите натпреварувања притоа покажувајќи завидна ефикасност со постигнати  вкупно 24 гола.

И Македнија вечерва ќе има свој претставник во натпреаврите од ЛШ. Репрезентативецот Бован Николос со молдавскиот Шериф каде пристигна пред стартот на сезоната ќе гостуваат кај најтрофејниот тим со европски титули Реал Мадрид, кој се враќа на својот „Сантијаго Бернабеу“ кој е реновиран и првпат по подолго време ќе се одигра меч од ЛШ. Шериф во првото коло го изнеанди украинскиот победи Шахтјор.

ВЕЧЕРВА ИГРААТ

ГРУПА А
РБ Лајпциг – Клуб Бриж  (21.00 ч.)
ПСЖ – Манчсстер сити (21.00 ч.)

ГРУПА Б
Милан – Атлетико (21.00 ч.)
Порто – Ливерпул (21.00 ч.)

ГРУПА Ц
Ајакс – Бешикташ (18.45 ч.)
Борусија Дортмунд – Спортинг (21.00 ч.)

ГРУПА Д
Шахтјор – Интер (18.45 ч.)
Реал Мадрид – Шериф (21.00 ч.)

 

Треба да знаете
Последни објави