Како што пренесуваат англиските медиуми од таборот на Манчестер Јунајтед се блиску до договор со претставниците на Бруно Фернандеш околу продолжувањето на неговиот договор.
Португалецот кој е најдобар играч на „црвените ѓаволи“ има договор со клубот до 2025 година, а како што пишуваат медиумите истиот ќе биде продолжен на уште една дополнителна сезона.
Според актуелниот договор, Бруно заработува „скромни“ 150.000 фунти неделна плата, а со новиот би заработувал 250.000 фунти неделно со што би влегол во рангот на најскапоплатените играчи на клубот, Роналдо и Пол Погба.
Во последно време се појавија шпекулации дека Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за играчот од средниот ред, но „Сан“ пишува дека тој бил подготвен да ја прифати понудата за продолжување на соработката со тимот од „Олд Трафорд“.