Search

Џејми Оливер откри дека го изгорел половиот орган додека готвел гол за својата сопруга

Еден од најпознатите ТВ-готвачи, кој прекарот „гол готвач“ го доби по неговата истоимена емисија во која употребува едноставни и евтини состојки во своите рецепти, откри дека пред 20 години планирал романтична вечер и кулинарско изненадување за сопругата Џулс на Денот на вљубените, но наместо тоа, вечерта ја поминал лекувајќи ги интимните делови со замрзнат грашок, откако се изгорел додека печел морска риба гол.

Во интервју за австралиската  емисија KIIS -u 106.5 Will and Woody, 46-годишниот Џејми рече: „Направив печен морски бас и мислев дека најкул работа што можам да ја направам како ‘Гол готвач’, е да го послужам гол.“

„Единствено што носев беше црвена машна којашто ја врзав во двоен јазол. Имавме нова рерна со вентилатор. Ја отворив за да ја проверам рибата на половина од времето.“

„Откако го отворив капакот си помислив дека ласерски удар на пареа го нападна мојот пенис. Потоа морав да користам замрзнат грашок за да ја намалам болката што ја почувствував. Тоа беше најлоша болка на светот“, се сеќава славниот готвач.

Тој им порача на фановите: „Немојте да готвите голи. Не вреди бидејќи се случуваат несреќи”.

Џејми и Џулс, кои се венчаа во 2000 година, имаат пет деца заедно – Попи (19), Дејзи (18) , Питал (12), Бади (10) и Ривер (5).

Треба да знаете
Последни објави