Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ), во изминатите неколку дена, учествуваше на големиот европски шампионат European Nations Cup 2021. На шампионатот се играа двe еспорт дисциплини Counter Strike: Global Offensive и Pro Evolution Soccer 2021.
На шампионатот, во кој учествуваа 12 федерации, не претставуваа националните победници од Македонската Еспорт Лига, која одржа натпревари во периодот јуни – јули 2021 година.
За прв пат во историјата на МЕСФ и македонската CS:GO сцена освоивме прво место во меѓународен натпревар. Во големото финале го совладавме силниот противник од Романија со резултат од 2:0.
Давид Гаревски, нашиот најдобар ефудбалер покажа солидна игра и успеа да стигне до полуфиналето на PES21 натпреварите. Полуфиналето беше против Србија, кои оваа година се најдобри во Европа и во многу тесни натпревари, нашиот тим изгуби со 2:0.
Македонската Еспорт Федерација е формирана во 2009-та година и е членка на Меѓународната Еспорт Федерација и на Европската Еспорт Федерација. Досега наши учесници биле дел од 15 меѓународни првенства, а ова е првото на кое освојуваме медал.