Search

Мадона ветува дека ќе ја спаси Бритни Спирс: Ропството беше укинато одамна!

Мадона се придружи на долгиот список селебрити-личности кои изразија поддршка за Бритни Спирс во правната битка за да ја врати контролата над својот живот.

62-годишната суперѕвезда сподели фотографија на Инстаграм во четвртокот облечена во маица со името Бритни и ја спореди нејзината ситуација со ропство, ветувајќи дека ќе се борат да ја извлечат „од затвор“.

Во 2011 година, Бритни (39) откри дека Мадона ѝ помогнала да го врати својот живот на прав пат по раните испади на ментално здравје. А сега, Мадона се надева дека ќе биде уште еден зрак светлина.

Со троубек-фотографија, на која Мадона изгледа младешки со маица на Бритни, поп кралицата јавно се заложи за пејачката:

„Вратете ѝ го животот на оваа жена. Ропството беше укинато одамна! Смрт за алчниот патријархат што со векови им го прави ова на жените,“ напиша таа врз фотографијата.

„Ова е кршење на човековите права! Бритни, доаѓаме да те извлечеме од затвор !“ пишува Мадона.

Џејми Спирс веќе 13 години е законски управител на имотот на неговата ќерка и има целосна контрола над неа поради нејзините поранешни проблеми со психичкото здравје. Судот го отфрли барањето на Бритни за отстранување на нејзиниот татко како доверител или таканаречен конзерватор на целиот нејзин имот.

Треба да знаете
Последни објави