Search

Пејачката се спасила за влакно: Како ја извлекле Лепа Брена од канџите на Мика Алексиќ?

Како што дознава српски „Скандал“ и Лепа Брена можела пред повеќе од две децении да се најде очи во очи со Мика Алексиќ, и таа, како што наведуваат изворите, да стане негова потенцијална жртва. Имено, Мика во далечката 1987 година, кога Брена била на врвот на својата популарност, го режирал филмот под назив „Погрешне процене“, па некој од неговата екипа дошол на идеја да ја ангажираат и Лепа Брена, бидејќи и таа била студентка која од внатрешноста дошла во Белград.

Требало да ја ангажира да глуми во неговиот филм, пејачката за влакно се спасила.

„Таа далечна 1987 година Мика собра прекрасна актерска екипа и се подготвуваше да почне со снимањето на филмот „Погрешне процене“. Тематиката ги следела студентите и нивната проблематика низ политиката на Јосип Броз Тити, а проектот е спроведен во дело со помош на РТ Белград. Воглавно, некој од соработниците на Мика во тоа време се сети дека Брена би можела да се појави во филмот и како голема ѕвезда во тоа време да допринесе низ маркетингот и подоцна гледаноста. Мика тогаш беше на почетокот на својот ангажман во уметничките води и навистина му беше потребен некој од калибарот на Лепа Брена за да се пробие и да оствари неверојатни резултати“ – објаснува изворот и додава:

„Брена беше полн погодок, бидејќи уште тогаш беше мултимедијална личност, но нешто се изјалови и никој не ѝ понуди соработка на тој проект. И да дојдеше до соработка, таа не би поминала добро, бидејќи многу актери кои се најдоа во политичките филмови подоцна се соочуваа со разни местенки и потешкотии во кариерата. Сите патеа поради тие политички моемнти. Во секој случај, некој од соработниците на Брена во тоа време имаше доволно слух за уште во стартот да ја одбие соработката. Никој конкретно не ѝ ни понуди ништо, ниту пак Мика беше запознаен со тоа. Тоа повеќе беше идеја која дојде и до нејзините соработници и тие уште од стартот го одбија. Е сега, дали Брена би имала проблеми какви што сега ги изнесуваат младите актерки кои тврдат дека Мика наводно ги нападнал, не се знае. Но, секако е добро што не се впуштила во тој проект и тоа од повеќе осново“ – завршува изворот.

Треба да знаете
Последни објави