Search

Четвртиот судија од Париз порача дека не е расист

Романскиот фудбалски делител на правдата Себастијан Колетску кој ја извршуваше улогата на четврти судија на мечот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Башакшехир е во центарот на вниманието во светот затоа што го обвинија дека на расна основа го навредил помошник-тренерот на турскиот претставник во елитното натпреаврување Пјер Вебо, по што се случи прекин на натпреаврот. Гостите од Турција навредени од неговиот однос се повлекоа во соблекувалната и не  сакаа да се вратат на теренот во Париз да го доиграта натпреварот кој беше прекинат само по 14 минути игра.

Колетску по натпреварот даде кратка изјава за „ПроСпорт“ и кажа дека не е расист, како што се пишува за него во светските медиуми.

-Во следните денови нема да читам никакви текстови. Секој кој ме познава знае дека не сум расист. Барем верувам дека е така. Не може да даваме други изјави, зашто прво мора да разговарам со УЕФА. Би ви одговорил на прашањата, но не можам вечерва, изјавил романскиот судија.

Романските судии го напушатаат Париз, а з вечерашното продолжение на натпреаврот на нивно место УЕФА одреди мешовите судиска четѕворка од Холандија и Полска. 

Треба да знаете
Последни објави