Search

Две лица убиени во обновените протести против курдските партии во северен Ирак

Двајца демонстранти се убиени во обновените протести во северен Ирак организирани против владејачките курдски политички партии, соопштија локални официјални лица. Британските медиуми јавуваат дека еден демонстрант е застрелан од чуварите кои го обезбедувале седиштето на Демократската партија на Курдистан, во градот Такја, западно од Сулејманија.

Вториот демонстрант бил застрелан кога курдските безбедносни сили отворија оган за да ги растераат демонстрантите во градот Сиед Садик, источно од Сулејманија, соопштија официјалните лица.

Курдските власти вчера донесоа одлука во следните 24 часа да го забранат движење меѓу Сулејманија и околните градови, во обид да го спречат ширењето на немирите. Движењето меѓу градовите околу Сулејманије, исто така, е забрането до среда на полноќ.

Курдските специјалци се распоредени внатре во Сулејманија и канцелариите на Демократската партија на Курдистан во околните градови, кои се мета на демонстрантите во последните неколку дена.

Протестите за неисплатените плати се проширија во најмалку шест градови во близина на Сулејманија, а демонстрантите ги запалија зградите во кои се наоѓаат седиштата на политичките партии и локалните самоуправи. Нивна првенствена цел се Демократската партија на Курдистан и Патриотската унија на Курдистан, кои ја контролираат областа околу Сулејманија.

Полуавтономниот ирачки регион Курдистан, како и целата земја, се погодени од кризата со пандемијата, поради која драстично се намалени приходите од нафта.

Треба да знаете
Последни објави